Home » 29 Јуни 1984 – Bruce Springsteen го започна првиот дел на неговата Born in the USA турнеја

29 Јуни 1984 – Bruce Springsteen го започна првиот дел на неговата Born in the USA турнеја

by Vangel Milevski

Bruce Springsteen со неговата Born in the USA турнеја

Bruce Springsteen го започна првиот дел на неговата Born in the USA турнеја со три последователни концерти во Сивик центарот во Сент Пол во Минесота.  Тоа ќе биде дотогаш негова најдолга и најуспешна турнеја, прва по турнејата од 1974 по повод албумот Born to Run.Турнејата беше прва без гитаристот Steven Van Zandt кој се решил по снимањето на албумот да продолжи самостојно.Бил заменет со Nils Lofgren, но се појавувал повремено на турнејата и во неколкуте видеа кои го промовирале албумот.Ова била и првата турнеја на Springsteen на која прв пат учествувала и неговата идна сопруга Patti Scialfa.Турнејата по САД продолжила во Канада, потоа Австралија, Јапонија, низ Европа и завршила повторно во САД со наполно распродадени концерти на професионални фудбалски стадиони. Турнејата завршила на втори октомври 1985 во Лос Ангелес, град во кој во октомври претходната година Bruce Springsteen и неговата група E Street Band имале најдолга серија последователни концерти, вкупно седум во Меморијалната спортска арена. Турнеја која содржела 156 концерти донела околу 90 милиони долари заработувачка, од што 34 милиони биле остварени за време летниот дел на турнејата по стадионите во Северна Америка.За време целата турнеја албумот Born in the USA бил постојано во Топ 10 полето на Билбоардовиот албумски Топ 200. Вкупно турнејата ја проследиле три милиони и девет стотини илјади луѓе.

You may also like

Leave a Comment

-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00