Четворица студенти на Кент универзитетот на четврти мај 1970 биле убиени…

Четворица студенти на Кент универзитетот на четврти мај 1970 биле убиени а единаесет ранети од припадниците на Националната гарда во студентскиот кампус за време демонстрациите како знак на протест заради ескалација на војната во Виетнам. Од убиените, двајца дури и не биле меѓу протестантите. Инцидентот ќе го инспирира Neil Young да ја напише песната Ohio која ќе биде хит во изведба на Crosby Stills Nash & Young. Овој срамен настан во историјата на американската историја ќе биде директен повод за формирање на групата Devo од двајца луѓе Mark Mothersbaugh и Jerry Casale кои биле во кампусот кога ужасниот настан се случил.

Related posts

UK Official Charts преглед (18-24 септември 2026)

50 години од објавувањето на „More Than A Feeling“: Приказната зад безвременскиот рок хит на Boston

35 години од издавањето на култната песна “Smells Like Teen Spirit”