98
My life story vs London underground
претходен пост
Независната лондонска поп група My life story со судска одлука морала да ги повлече сите копии на својот деби албум Mornington crescent затоа што на обвивката било употребено логото на лондонската подземна железница. Истото морале да го направат и со неколкуте илјади постери на кои било логото на подземната железницка, како и името на албумот кое е дадено според една од нејзините станици.
Нивниот претставник изјавувал: „Ние мораме да ги заштитиме нашите права! Немаме ништо против оваа група, само ги штитиме авторските права.”
За заштитот знак на London Underground и главната рута, дизајнирани се уште во 1930 година од Frank Beck, а за истите ригорозно се санкционирани сите обиди за користиње на било кој сегмент од авторството право.
Така било и овој пат.