Angel of your streams! JADE се враќа во Top 20, додека Jamie Miller ја задржува врвната позиција втора недела по ред
Погледнете ги најважните моменти од овонеделната Official Singles Chart
Jamie Miller втора недела по ред се наоѓа на врвот на Official Singles Chart, откако синглот „Babydoll“ ја задржува првата позиција.
Пејачот и текстописец од Кардиф повторно е пред „Housewife“ на Tate McRae, која се наоѓа на второто место, додека „Stop The Wedding!“ на Ashe бележи напредок од една позиција и се враќа на третото место, изедначувајќи го најдобриот личен пласман на калифорниската ѕвезда.
Синглот „Еxpectations“ на Olivia Rodrigo и Chappell Roan се наоѓа на четвртото место, а „Great Expectation“ на SIENNA SPIRO го комплетира овонеделниот Toп 5 на петтата позиција.
Таа е ангелот на вашите стримови! „Angel Of My Dreams“ на JADE повторно ги раширува крилјата и се враќа во Official Top 40, искачувајќи се на 13-тото место.
Песната првично беше објавена во јули 2024 година, кога дебитираше и го достигна седмото место на Official Singles Chart. Со тоа стана првиот соло Toп 10 хит на JADE по паузата на Little Mix.
Две години подоцна, песната доживува вистинско второ раѓање. А кој е заслужен за оваа музичка магија? Kylie Jenner! Ѕвездата дебитираше на модната писта на овогодинешната Victoria’s Secret Fashion Show, чекорејќи токму на звуците на „Angel Of My Dreams“. Моментот набрзо стана вирален на социјалните мрежи.Ефектот е повеќе од очигледен! Новата популарност на песната донесе неверојатен раст од 329% на неделно ниво, враќајќи го соло деби-синглот на JADE во Top 40 за првпат од 2024 година.
Со оглед на тоа што Halloween е веднаш зад аголот, „Thriller“ на Michael Jackson ја доживува својата традиционална есенска музичка преродба. Хитот на кралот на попотѕ, кој и денес предизвикува морници, бележи скок од 22 позиции и се искачува на 17-тото место, со раст на стримовите од 61% во споредба со претходната недела, додека публиката се подготвува за 31 октомври и потенцијално доаѓање до врвот на овоа култна песна и спот.Песната, инаку, во ноември 2025 година го достигна својот најдобар пласман досега во Велика Британија – деветтото место, цели 42 години по нејзиното оригинално објавување.
А кога сме веќе кај враќањата на музичките листи, „Just Give Me A Reason“ на P!nk и Nate Ruess, хитот што во 2013 година стигна до второто место, продолжува со својата ренесанса поттикната од социјалните мрежи, напредувајќи за една позиција и стигнувајќи до 18-тото место.
„Mimesis“ на Fontaines D.C. дебитира на 34-тото место, придружувајќи им се на „Japan“ (19) и „Marianne“ (21). Така, ирската група има дури три песни истовремено во Toп 40.
Во меѓувреме, Harry Styles го забележува најголемиот скок на овонеделната листа. „Coming Up Roses“ навистина цвета, напредувајќи за импресивни 24 позиции – од 59-тото до 35-тото место. Успехот следува по објавувањето на придружниот музички видеоспот, со што песната за првпат влегува во Toп 40.
На другиот дел од листата, „Shotta’s.“ на SEASON 25 напредува за осум позиции и го бележи својот најдобар личен пласман досега, стигнувајќи до 30-тото место. Во меѓувреме, „Good Girl“ на Cloonee и Prospa, со учество на Tristan Henry, се искачува за две позиции и се наоѓа на 28-мото место.
И конечно, уште две добро познати музички фаворитки се враќаат во Toп 40. „Dancing On My Own“ на Robyn напредува за пет позиции и стигнува до 38-мото место, додека „WHERE IS MY HUSBAND!“ на RAYE бележи скок од 11 позиции до 40-тото место, по нејзината неодамнешна победа на Mercury Prize.
