Oasis г,и надминаа The Beatles на вечната Британска листа на најпродавани албуми
Вториот албум на Oasis, (What’s The Story) Morning Glory?, официјално го надмина најпродаваниот албум на нивните музички херои The Beatles на листата на најпопуларни албуми во Велика Британија на сите времиња.
Албумот на браќата Gallagher од 1995 година, кој ги содржи хитовите како Wonderwall и Don’t Look Back in Anger, се наоѓа на третото место на вечната листа на најпродавани албуми, објавена од Official Charts Company.
Интересот за албумот на Oasis значително порасна како резултат на нивната реунион турнеја во 2025 година.
Психоделичното ремек-дело на The Beatles од 1967 година, Sgt Pepper’s Lonely Hearts Club Band, кое пред една деценија се наоѓаше на третото место на истата листа, сега падна на петтата позиција.
Колекцијата Greatest Hits на Queen од 1981 година и понатаму останува најпродаван албум воопшто, додека Abba Gold од 1992 година е на второто место. Албумот 21 на Adele од 2011 година се искачи на четвртата позиција.
John Lennon, Paul McCartney, Ringo Starr и George Harrison се пресоздадоа себеси за време на ерата на Sgt Pepper.
Вечната листа беше објавена во средата по повод 70-годишнината од неделната UK Album Chart листа.
Вкупно, (What’s The Story) Morning Glory? има собрано 6,2 милиони “UK chart units” комбинација од стримови и продадени примероци според Official Charts Company.
Минатата година повторно се зголеми интересот за музиката на Oasis поради нивната многу медиумски проследена светска реунион турнеја. Листата на песни на концертите во голема мера беше посветена на нумери од овој албум, меѓу кои Some Might Say и Champagne Supernova.
Во 2022 година, компилацискиот албум на Queen влезе во историјата како прв албум кој надмина седум милиони UK chart units.
Оттогаш само шведските поп мајстори Abba ја поминаа границата од седум милиони, создавајќи ексклузивен клуб.
Во меѓувреме, класиката Rumours на Fleetwood Mac од 1977 година и најголемиот хит-компилациски албум Legend на Bob Marley, во последните 10 години влегоа во вечниот Top 10.
UK Official Albums Chart – Top 10 на сите времиња
Greatest Hits – QueenGold – Abba
(What’s The Story) Morning Glory? – Oasis
21 – Adele
Sgt Pepper’s Lonely Hearts Club Band – The Beatles
Rumours – Fleetwood Mac
The Dark Side of the Moon – Pink Floyd
Thriller – Michael Jackson
Legend – Bob Marley & The Wailers
Brothers in Arms – Dire Straits
(What’s The Story) Morning Glory? доби изненадувачки поделени критики од британскиот музички печат кога беше објавен во октомври 1995 година. Но, албумот подоцна освои награда за Best British Album на 1996 Brit Awards и го издржа тестот на времето.
Wonderwall, песната од албумот, повторно стана исклучително популарна ова лето, откако навивачите и играчите на Англија ја пееја заедно за време на Светското фудбалско првенство
Големата рок балада Don’t Look Back in Anger доби уште поголемо значење откако беше отпеана спонтано на комеморација за жртвите од нападот во Manchester Arena во 2017 година.
Becca Monahan и Chris Austin, привремени ко-менаџери на Official Charts, им честитаа на Oasis за достигнувањето на албумот во заедничка изјава.
„Три децении подоцна, неговата големина и влијание остануваат извонредни – дефинирачки британски албум кој продолжува да ги обединува генерациите, да ги полни стадионите и да биде саундтрак на животите“, наведоа тие.
Авторот на песните на Oasis, Noel Gallagher, е роден три дена откако The Beatles го објавија својот албум Sgt Pepper.