UK Official Charts преглед (18-24 септември 2026)

Ashe за првпат влегува во Топ 10 со ‘Stop The Wedding!’

‘No Scrubs’ на TLC се враќа во Топ 40 за првпат по 27 години

Калифорниската кантавторка Ashe за првпат влегува во Топ 10 на британската сингл-листа со ‘Stop The Wedding!’, кој оваа недела се искачи на број 9.

Заразниот хит првпат се појави на листата кон крајот на август, дебитирајќи на број 58. Само три недели подоцна, песната стигна до Топ 10 и се наметна како еден од пробивните хитови на 2026 година.

Со тоа, Ashe убедливо го надмина својот досегашен најдобар пласман на Singles Chart – ‘Moral Of The Story’, кој во 2020 година стигна до број 31. Прашањето сега е: колку високо може да се искачи ‘Stop The Wedding!’?

‘No Scrubs’ на TLC со големо враќање

Следува интересна приказна за вистинско враќање! Дваесет и седум години откако последен пат беше во Топ 40, во 1999 година, ‘No Scrubs’ на американското трио TLC повторно се најде меѓу 40-те најуспешни песни во Велика Британија, овојпат на број 23.

Враќањето на песната следува по нејзиното појавување во серијата на Prime Video, The Last Sunrise, каде што ликот Ry ја изведува за време на караоке-сцена.

Клипот од сцената во меѓувреме стана хит на социјалните мрежи, што помогна ’90-тите класика повторно да стигне до нова публика и неочекувано да се врати на британската листа.

Sienna Spiro повторно на врвот

Sienna Spiro втора недела по ред е на број 1 со ‘Great Expectation’.

Откако минатата недела го освои својот прв број 1 на листата, британската пејачка и оваа недела останува на врвот со моќната балада.

За Sienna има уште добри вести. Нејзиниот пробивен хит ‘Die On This Hill’ повторно влегува во Топ 10, овојпат на број 10.

Dua Lipa повторно во Топ 5

За Dua Lipa, „Training Season“ сè уште не е завршена приказна.

Нејзиниот хит од 2024 година повторно се враќа во Топ 5, за првпат откако во февруари 2024 година го достигна својот најдобар пласман – број 4.

Оваа недела ‘Training Season’ се искачи на број 5, благодарение на новиот интерес за песната на интернет.

ADÉLA со втор хит во Топ 20

ADÉLA продолжува со одличниот период. Откако ‘Ain’t in LA’ минатата недела го оствари својот најдобар пласман досега, а нејзиниот дебитантски албум PRIMA стигна до број 2, песната ‘Nicole Kidman’ скокна за дури 35 места и се искачи на број 15.

Со тоа, словачката ѕвезда го освојува својот втор хит во Топ 20.

Jamie Miller со прв хит во Топ 40

Велшкиот кантавтор Jamie Miller го остварува својот прв хит во Топ 40 со ‘Babydoll’, која оваа недела се искачи на број 24.

Песната стана саундтрак на брзорастечкиот танцов тренд, а на новиот ремикс му се приклучува и актерот од Off Campus, Antonio Cipriano.

‘Don’t Look Back In Anger’ повторно во Топ 40

По најавата на Oasis Live ’27 турнејата претходната недела, ‘Don’t Look Back In Anger’ повторно се враќа во Топ 40 на британската сингл-листа, овојпат на број 30.

Интересот за легендарниот хит на Oasis повторно порасна по објавувањето на датумите за нивната голема турнеја во 2027 година.

Нови најдобри пласмани

Меѓу песните што оваа недела ги остварија своите најдобри пласмани се ‘bloodstream’ на Alyssa Grace, која се искачи на број 12.

Нови најдобри пласмани има и Noah Kahan со две песни – ‘Orbiter’, која стигна до број 22, и ‘Willing and Able’, која се искачи на број 35

Related posts

Бура на турнејата „THE LOOP“ на Еd Sheeran

Oasis ја најавија Live ’27 турнејата: 38 концерти во Европа, САД и Ирска

Крај на тридецениската мистерија: Сè што треба да знаете за убиството и судењето за Tupac Shakur