Легендарните The Rolling Stones повторно испишаа историја

Легендарните The Rolling Stones повторно испишаа историја, откако нивниот нов студиски албум “Foreign Tongues “дебитираше директно на првото место на Official UK Charts албумската листа носејќи им го 15-тиот британски албум број еден во кариерата

Со овој успех, The Rolling Stones се израмнија со The Beatles по бројот на албуми што стигнале до врвот на британската албумска листа – по 15 за двата легендарни бенда.

Албумот Foreign Tongues, нивно 25-то студиско издание, беше објавен на 10 јули и содржи гостувања од Paul McCartney, Steve Winwood, Robert Smith, Bruno Mars и Chad Smith, како и последната песна снимена со легендарниот тапанар Charlie Watts пред неговата смрт во 2021 година.

Успехот на Foreign Tongues доаѓа само три години по албумот “Hackney Diamonds” кој исто така дебитираше на првото место и ја освои наградата Grammy за најдобар рок-албум. Новото издание уште еднаш потврдува дека, и по повеќе од шест децении на сцената, The Rolling Stones остануваат една од најуспешните и највлијателните рок-групи во историјата на популарната музика.

Related posts

Култниот Британски бенд The Cure по 16 години објави нова песна

Вака звучат Linkin Park со својата нова пејачка Emily Armstrong

Dizzy Reed – клавијатуристот на групата Guns N’ Roses го најави својот нов албум со синглот D.I.B.