Home » Клавијатуристот на групата Dream Theater – Jordan Rudess го најави новиот самостоен албум Permission To Fly

Клавијатуристот на групата Dream Theater – Jordan Rudess го најави новиот самостоен албум Permission To Fly

од Vangel Milevski

Клавијатуристот на Dream theatre, Jordan Rudess, го најави својот нов самостоен албум, Permission to fly, кој треба да се појави на 6 септември 2024 година за етикетата InsideOut Music.

Rudess не е непознат по експериментирањето, како и што е познат и по тоа што го води набојот во поместувањето на креативните, звучните и технолошките граници, и на најновиот потфат тој, ја истражува комплексноста на човечкото постоење во нашиот повеќеслоен свет.

Како што објаснува Jordan: „Суштината на албумот е длабоко информирана од бурните настани од 2023-2024 година, со мотиви на мир и антинасилство проткаени низ многу од песните“.

Додека некои претходни негови изданија беа вистински самостојни определби, овој пат, Rudess собра група музичари за да ја поддржат неговата визија. На албумот се појавуваат покрај него пеачот That Joe Payne тапанерот Darby Todd и гитаристот Steve Dadaian, како и Bastian Martinez како гостувачки гитарист. Инаку сите текстови на албумот ги напишала неговата ќерка Ariana. „Додека и самиот уживам во пишувањето текстови, мојот примарен фокус овој пат е на звучниот квалитет на зборовите. За овој албум сакав да навлезам подлабоко и да понудам нешто што ќе одекне посилно а Ariana направи исклучителна работа. “

Permission to fly ќе биде достапен како ограничен CD дигипак и двоен винилен албум (и двата со бонус материјал), како и дигитално.

За да ја одбележи најавата, Jordan Rudess ја лансираше епската нова песна Alchemist.

Познат како „Најдобар клавијатурист на сите времиња“ според списанието Music Radar, Rudess се издвојува како извонреден клавијатурист и мултиинструменталист со тиражно платинестиот прогресивен рок бенд Dream theatre, добитник на Греми награда. Започнувајќи го своето музичко патување како класично чудо студирајки на славното музичко училиште Juilliard уште на девет годишна возраст, Jordan ги поставува темелите за кариерата одбележана со карактеристичен спој на класични и рок влијанија.

Покрај неговата улога во Dream theater и моќната група Liquid tension experiment , музичката моќ на Jordan резонираше низ разновиден спектар на соработки. Од Deep purple и David Bowie до Stiven Wilson и Jan Hammer, тој остави неизбришлива трага во музичката индустрија. Значајни проекти како што се LMR (неговиот спореден потфат со Tony Levin и Marco Minneman), Steven Wilson’s Blackfield , гостувања со Deep purple и Dixie dregs и соработки со уметници како Enrique Iglesias, Paul Winter Consort, Annie Haslam и многу други, ја нагласуваат широчината на неговиот музички дострел.

Впуштајќи се во доменот на најсовремената технологија, Jordan се појави како пионер со фокус на најсовремените тастатурни контролери и музички апликации. Како сопственик на многу успешната компанија за развој на апликации iOS Wizdom Music, тој го предводеше создавањето на наградувани апликации, вклучувајќи ги GeoShred, MorphWiz, SampleWiz, Vythm, Polywave, Jam With Jordan и SampleWiz 2. GeoShred, најновиот триумф на Wizdom Music, беше заеднички напор со moForte, основачки членови на тимот на Sondius на Универзитетот Стенфорд. Rudess моментално работи на интерактивен проект за вештачка интелигенција во медиумската лабораторија на MIT’s Media Lab во Responsive Environments group.

Можно е и ова да ти се допаѓа

-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00