Home » Chrissie Hynde од The Pretenders се омажила за Jim Kerr од Simple Minds

Chrissie Hynde од The Pretenders се омажила за Jim Kerr од Simple Minds

од Vangel Milevski

На петти мај 1984 венчавка на Chrissie Hynde од Pretenders и Jim Kerr од Simple Minds.

Парот се сретнал само неколку месеци порано за време турнеите на нивните групи во Австралија. Во тоа време Hynde е пред развод со Ray Davies од групата Kinks. Наскоро по венчавката Simple Minds им се придружуваат на Pretenders за турнеја на која Pretenders го промивираат албумот Learning To Crawl а Simple Minds го претставуваат албумот Sparkle In The Rain.

На 25 март 1985, двојката ја доби ќерката која ја крстиле Yasmin. Два месеци подоцна Simple Minds го имаат својот пресвртнички хит во САД со првопласираниот сингл Don’t You (Forget About Me). И Hynde и Kerr ќе настапат на Live Aid, но нивните турнеи на подолг период ги раздвојуваат па така парот во 1990 се разведе. Две години подоцна Kerr ќе се ожени Patsy Kensit, за да оваа романса заврши четири години подоцна во 1996. Chrissie Hynde во 1997 ќе се премажи за да и нејзината брачна романса заврши со развод пет години подоцна. Во 2018 Hynde и Kerr повторно ја делат сцената кога нивните групи ќе бидат дел од заедничката трурнеја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00