566
Pet Shop Boys имаат нов албум!
претходен пост
Pet Shop Boys имаат нов албум, 15-ти по ред насловен Nonetheless прв по пауза од 4 години и албумот Hotspot
Во соопштението, Pet Shop Boys изјавија дека сакаат албумот, и неговите денс песни и балади, да бидат “прослава на уникатните и разновидни емоции кои нè прават луѓе“, и ги нарекоа 10-те песни „најсилните показатели за тоа каде сме денес“.
Албумот беше издаден на 26 април 2024 година во различни формати, вклучително и дигитално и физички на ЦД и повеќе варијанти на винил во боја. Изданијата на двоен ЦД и двојните бели винилни изданија вклучуваат ЕП со четири песни насловени Furthermore со нови верзии на Heart, Being boring, Always on my mind и It’s a sin.
