Гитаристот Robin Trower ја откажа својата есенска американска турнеја од здраствени причини

Седумдесет и девет годишниот легендарен гитарист Robin Trower ја откажа својата есенска турнеја во САД од здравствени причини. Со здравствени проблеми се соочува веќе извесно време, а за време неговиот неодамнешен болнички престој, докторите му советувале мирување и препорачувале како подолготрајно решавање на здравствениот проблем – што е можно поскора операција. Според сопштението за јавноста, во очекување на одредувањето на датата за операција која му гарантира сто постотно заздравување, Robin Trower принуден е на негово големо жалење да ја откаже есенската турнеја низ САД. Свесен за разочарување на неговите фанови, како и своето, се надева дека превземените мерки ќе му овозможат наскоро нормални концертни активности.

Related posts

Sam Fender и Olivia Dean испишаа историја: „Rein Me In“ стана синглот што најдолго се задржал на првото место на UK Official Singles Chart“

30 години од „Breathe“ – кога Скопје беше меѓу првите што го слушна светскиот хит

„35 години Enter Sandman“ – приказната зад најголемиот хит на Metallica