Мадона додаде уште еден рекорд во својата неверојатна кариера!
Нејзиниот најнов албум, „Confessions II“, дебитираше на првото место во САД, со што таа стана првата изведувачка што се искачила на врвот на американската топ-листа за албуми во текот на четири децении.
Со ова издание, Madonna го има својот 10-ти албум број еден во САД на Billboard израмнувајќи се со The Beatles по бројот на албуми што стигнале до врвот на Billboard 200 албумската листа.
Воедно, таа стана првата жена во историјата со првопласирани албуми во пет различни децении, потврдувајќи ја својата извонредна долговечност на музичката сцена
Успехот не се ограничи само на САД. Албумот “Confessions II” дебитираше на првото место и во Британија на Official UK Charts каде што стана 13-ти британски албум број еден на Madonna, продолжувајќи ја нејзината низа успеси што се протега низ пет децении.
Албумот, кој претставува долгоочекувано продолжение на култниот “Confessions on a Dance Floor” од 2005 година, повторно ја обедини Madonna со продуцентот Stuart Price и веќе е поздравен како нејзино најсилно денс-издание во последните дваесет години.
Покрај комерцијалниот успех, “Confessions II” добива и одлични критики, а многумина го сметаат за едно од најдобрите изданија во доцната фаза од кариерата на поп-иконата.
