Кога веќе го нема JJ Cale, повеќе од добар е неговиот ученик Mark Knopfler. Новиот албум One deep river е еден од најдобрите во неговата кариера.
Според магазинот Classic Rock, Mark Knopfler е опишан како виртуоз. Тој е така наречен fingerstyle гитарист рангиран на 27-то место на листата на Rolling stone магазинот од „100 најголеми гитаристи на сите времиња“. Со групата Dire Straits, Mark Knopfler продаде меѓу 100 и 120 милиони плочи, четирикратен добитник на Греми награди, добитник е на наградата Едисон, наградата Штајгер и наградата Ајвор Новело, како и три пати почесен докторат по музика од универзитетите во Велика Британија. Воведен во Rock and Roll Hall of Fame како член на Dire Straits во 2018 година.Со групата шест албуми, самостојно – десет.
Последниот One deep river во 2024 снимен e со екипата која го придружува последниве години во која се синтисајзеристот, пианистот Guy Fletcher, тапанерот Ian Thomas, гитаристот Richard Bennett, перкусионистот Danny Cummings, басистот Glenn Worf, педал стил гитаристот Greg Leisz.
Со очигледно влијание на легендарниот JJ Cale, според David Quantick од магазинот Classic Rock, албумот One Deep River е еден од најдобрите во кариерата на Mark Knopfler, со колекција прекрасни песни кои звучат како сведоштво за исполнет професионален живот на авторот.
Најтопла препорака за слушање на истиот.