Клавијатуристот Dizzy Reed, кој има најдолг стаж во групата Guns n` roses после оснивачкиот член, пеачот Axl Rose, го објави новиот самостоен сингл D.I.B. Песната е дел од неговиот албум кој ќе биде објавен кон крајот на август и на кој како гостин се појавува Spencer Krasch поранешниот фронтмен на групата Delta Rose. Првиот самостоен албум на Dizzy Reed – Rock ‘n Roll ain’t easy беше објавен во февруари 2018 а на него како гости учествуваа музичари од групите W.A.S.P., Quiet Riot, Psychedelic Furs, Thin Lizzy, No doubt, Replacements, Queens of the stone age, и неколкумина други. Dizzy Reed инаку им се придружил на Guns n` roses како концертен член во 1990 за време на еуфоријата по албумот Use Your Illusion, свирејки со повеќето оргинални членови но и во подоцнежните изданија на групата како и во актуелна реунион постава. Во 2012 Dizzy Reed е воведен во Рокенрол холот на славните.