Fabulous Thunderbirds е познато име за секој во современиот блуз и блуз рок. Ова е групата која создаде класични албуми како T-Bird Rhythm и Tuff Enuff, подржани од хитови како насловната песна Tuff Enuff и Wrap It Up. Албумот Tuff enuff стана платинест, продавајќи се во повеќе од еден милион примероци. Предводени од основачкиот член Kim Wilson, Fabulous Thunderbirds беа номинирани за Греми награди шест пати и за Блуз музички награди повеќе од 20 пати.
Формирана во 1974 година, групата ја слави својата 50-годишнина со објавувањето на првиот нов студиски албум по осум години – Struck down, кој содржи девет оригинални, нови песни, напишани од Steve Strongman и Kim Wilson и каверот на песната на Memphis Minnie Nothin’ in ramblin. Албумот е продуциран од Kim Wilson, Steve Strongman и Glen Parrish, снимен во Њу Џерси и Хамилтон, а миксан од Shelly Yakus (John Lennon, U2, Tom Petty). На албумот гостуваат Billy Gibbons на првиот сингл Payback time и Bonnie Raitt, Taj Mahal, Keb’ Mo’ и Mick Fleetwood на единствениот кавер на албумот, Nothing in rambling. Меѓу најинтересните песни се насловната Struck down by the blues со гитаристот Steve Strongman, Don’t make no sense со вкус на кејџун со Terrance Simien на хармоника, Watcha do to me со Elvin Bishop и волшебно затворање со емотивната песна Sideline.
Бендот продолжува со меѓународни турнеи распродавајќи ги концертните простори, и како главни предводници на фестивали, со актуелната постава, пеачот и свирачот на усна армоника Kim Wilson гитаристот Johnny Moeller, клавијатуристот и гитаристот Bob Welsh тапанерот Руди Албин и басистот Стив Кирсти.