Sabrina Carpenter создаде нов рекорд на Британската Топ Листа

Sabrina Carpenter стана најмладиот женски изведувач во историјата на официјалното британско чарт рангирање завземајќи ги првите две позиции на официјалната сингл листа во иста недела со Please Please Please и Espresso.

Уживајки во пет неделната доминација со синглот Espresso, Sabrina со својот најнов сингл Please Please Please се искачи на врвот менувајки се самата себе си, на тој начин имајки два првопласирани сингла во период помалку од два месеци. Ваквите рекорди порано се остваруваа многу поретко, но во дигиталното време, се е веќе можно па и ваквото остварување.Инаку Sabrina со 25 години еден месец и десет дена го надмина претходниот рекорд од февруари 2019 кога Ariana Grande со 25 години седум месеци и 20 дена го постави рекордотза возраста за последователни првопласирани синглови.

Но тие не се единствените кои успеале во тоа. Да ги држат едновремено првите две позиции.

Beatles ги завземале едновремено првите две позиции на британската топ листа во две одделни ситуации. Прв пат во декември 1963 кога I want to hold your hand и She loves you ги држеа првото и второто место и тоа три последователни недели.

Овој успех групата ќе го повтори во декември 1967 кога со Hello goodbye беа први, сингл на кој како второпласиран друштво му правеше екстенден плејот ( или сингл со четири песни, или пак два сингла со одреден број песни на нив) Magical mystery tour EP позиции кои  со овие два сингла  Beatles ги држеа три недели.

Доцна во 1978 на крилјата на успехот на филмот Grease и сосема очекувано песни од саундтрекот доминираа со британската топ листа. Во ноември таа година, една недела, главниот лик од филмот – Danny, односно John Travolta, ги држеше првото и второто место со Summer nights (во дует со Olivia Newton-John) и со Sandy.

Смртта на John Lennon во декември 1980 го врати на британската топ листа и тоа на самиот врв со Imagine и Happy Xmas (War is over) кои ги држеа првите две позиции во јануари 1981. Три недели подоцна додека Imagine сеуште беше првопласирана, првиот сингл од неговиот повратнички албум, објавен по смртта, Woman – се искачи на второто место. На тој начин John Lennon беше првиот самостоен интерпретатор во чарт историјата кој ги завземал првите две позиции во две одвоени временски растојаниа.

Групата Frankie Goes To Hollywood стана глобална сензација кога нејзиниот деби сингл Relax го освои врвот на британската листа во јануари 1984. Наредниот сингл Two Tribes, објавен шест месеци подоцна инстантно стана првопласиран дебитирајки директно на првото место. И тоа во време кога Relax сеуште беше моќна песна која повторно се искачи до второто место. Така во јули таа1984, Frankie Goes To Hollywood ги држеа едновремено првите две позиции.

Откако замалку не се  искачуваше до врвот со Like a virgin и Material girl, Madonna конечно со синглот Into the groove се дограба до врвот на британската топ листа во јули / август 1985, останувајки на него четири недели. Во исто време, нејзиниот деби сингл Holiday беше реиздаден во Британија и за една недела, откако тој се искачи до второто место, Madonna ги имаше една недела своите два сингла на врвните две позиции

Канадската тинејџерска ѕвезда Justin Bieber оствари еден поинаков успех кога во јануари 2016 ги завземаше првите три места на британската листа. Но еден месец пред тоа тој ги држеше првите две позиции со Love yourself  и Sorry. Bieber успехот го повтори во август 2016 со Cold water (ft. Major Lazer) и Let me love you (со DJ Snake). Тогаш во мај 2017 по трет пат има едновремено први две позиции со ремикс на песната Despacito и I’m the one. Justin Bieber има минато вкупно на првите две позиции непоследователно, тринаесет недели.

Новите правила на британската топ листа внесоа вистинска конфузија кај чартолозите ширум светот. Со децении важечкото правило (кое сепак не секогаш било целосно почитувано) беше интервалот на објавувањето на сингловите да не биде помал од три месеци.Но во дигиталната ера старите рекорди се обезвреднуваа особено со можноста за даунлодирање, па така секој албум имаше и до десетина песни за едновремени можни синглови.Во безграничната можност за даунлодирање се изгуби значајот на сингловите.Подоцна некои работи ќе се изменат но штетата веќе беше направена.Така албумот ÷ на Ed Sheeran, веднаш по објавувањето ги измеша работите до нереално. Успесите низ шеесет и нешто години станаа само дел од неспоредливата историја. Во една иста недела 2017 сите први пет позиции на британската топ листа ги држеа песни на Ed Sheeran, од спомнатиот албум, не објавени како официјални синглови. Инаку Sheeran ги држел двете врвни позиции во четири различни периоди. А песната Shape of you била на врвната позиција во три од нив.

Второпласирани биле Castle on the hill, How do you feel (Paean) и Galway girl. Во декември 2017 Ed Sheeran го има Божиќниот првопласиран сингл Perfect. На второто место во тој миг е песната River со Eminem, а на која учествува и Sheeran.

Ariana Grande оствари некои извонредни нешта благодарејки му на албумот од 2019 Thank u, next кој ја имаше најдобрата стримувана недела за било кој албум на женски интерпретатор дотогаш. Во таа иста недела нејзиниот сингл Break up with your girlfriend, I’m bored дебитира на првата позиција симнувајки го од неа сопствениот сингл 7 Rings впрочем менувајки се самата на врвното место. Така таа стана втората жена на која и успеало тоа. Првата беше Madonna во август 1985

Во декември 2021, Ed Sheeran & Elton John ги здружија силите за да создадат нова Божиќна песна, Merry Christmas. Откако песната мина две недели на првото место беше симната од него со друга Божиќна песна, Sausage rolls for everyone – на LadBaby. Merry Christmas падна на втората позиција, но за среќа на тандемот Ed Sheeran & Elton John тие учествуваа и на песната на LadBaby, па така учествуваа на двете првопласирани песни .

Колку подлабоко се копа толку поинтересни нешта излегуваат на површина. Ed Sheeran е автор на текстот на песната Cold water на Major Lazer (ft. Justin Bieber) како и на Love Yourself, а како и двете песни беа второпласирани кога Justin Bieber ги држел првите две позиции, со што Sheeran , поминал на првите две позиции 13 непоследователни недели со што го израмнил рекордот на Justin Bieber од јануари 2018.

Некоректности има во многу ситуации на официјалната бритска чарт листа. Некои очигледно истоветни ситуации важат во некои прилики а во некои други не. Во јануари 1963 Next time/Bachelor boy на Cliff Richard and Shadows е првопласирана а на второто место е Dance on со Shadows. Тие ваквите позиции ги завземаат и една недела подоцна но со различни песни. Во март 1963 Shadows ги држат повторно едновремено првите две позиции Summer holiday е на првата, а Foot tapper на втората. Но официјалната британска чарт институција не ги верификува. Исто како и во август 1960 кога Shadows се на првите две позиции. Please Don’t Tease на Cliff Richard and Shadows на првото место и Apache на Shadows на второто.Слична (односно наполно истоветна ситуација) e и со John Travolta речиси две децении подоцна.

Ако можел тој, зошто не би можеле и тие ?

Related posts

Култниот Британски бенд The Cure по 16 години објави нова песна

Вака звучат Linkin Park со својата нова пејачка Emily Armstrong

Oasis пoвоторно заедно!