Home » Cher го доби спорот против вдовицата на Sonny Bono околу авторските права на Sonny & Cher

Cher го доби спорот против вдовицата на Sonny Bono околу авторските права на Sonny & Cher

by Vangel Milevski

Независната лондонска поп група My life story со судска одлука морала да ги повлече сите копии на својот деби албум Mornington crescent затоа што на обвивката било употребено логото на лондонската подземна железница. Истото морале да го направат и со неколкуте илјади постери на кои било логото на подземната железницка, како и името на албумот кое е дадено според една од нејзините станици.

Нивниот претставник изјавувал: „Ние мораме да ги заштитиме нашите права! Немаме ништо против оваа група, само ги штитиме авторските права.

Cher продолжи со многу успешна самостојна кариера додека Sonny оствари солидна кариера во политиката. Во 1986 се ожени со Mary, неговата трета сопруга, а 12 години подоцна во 1998 тој загина во несреќа на скијање. Со оставинскиот тестамент Mary станала администратор на неговиот имот, оснивајки  партнерство за аавторскиот каталог со четирите деца на Sonny.

Зошто Cher ја тужела вдовицата на Sonny Bono?

Според Billboard, Cher и Sonny  се договориле во бракоразводната постапка за поделба на 50/50 од приходите од објавувањето од материјалот што го снимиле заедно. Cher продолжила да го добива својот дел од хонорарите од имотот на Sonny и по неговата смрт, но во 2016 година Mary Bono се повикала на „правото на раскинување“ во обид да добие целосна контрола врз интелектуалната сопственост на Sonny. Во 2021 година, Cher престанала да прима хонорари од заедничките творби, заради што и ја поднела тужбата во октомври таа година..

По тригодишната правна битка против Mary Bono, вдовица на нејзиниот поранешен сопруг Sonny Bono, Cher во мај 2024 доби над 418.000 долари како неплатен хонорар за авторството на заедничките песни. Според судските документи добиени од магазинот People, судијата од Калифорнија пресудил во полза на 78-годишната холивудска ѕвезда, потврдувајќи го нејзиното право на назначената сума. Во поднесената тужба Cher барала преку еден милион долари со образложение дека Mary Bono ги нарушила нејзините авторски права без нејзина согласност. Според документите компанијата Wixen Music Publishing која врши распредлба на средствата од авторските права, на наследниците на  Sonny Bono – неговите четири деца и сопругата Mary (но исклучувајки ја Cher) им исплатила 187 илјади долари, сума од која 93.500 долари одат на сметка на Mary Bono. Останатите 418.156 долари правно и припаѓаат на Cher.

You may also like

-
00:00
00:00
Update Required Flash plugin
-
00:00
00:00