METALLICA го започна вториот дел од светската турнеја по повод албумот 72 SEASONS

Во промоцијата на последниот албум на Metallica, 72 Seasons,групата ќе свири по два концерти во секој град, без повторување на песните (така што ќе бидат две наполно различни сет листи, вкупно 32 песни).

Според менаџментот на групата речиси 80 до 90 проценти од публиката ќе присуствува на двата концерти. Во преднастапите се групите Five finger death punch, Ice nine kills, Mammoth WVH, Pantera, Architects, Greta van fleet и Volobeat. По две различни групи секоја вечер.Турнејата започна на 24 мај со концерт на Олимпијскиот стадион во Минхен во Германија, следи европска турнеја која продолжува во Северна Америка и потоа враќање назад во Европа. За оваа турнеја изградена е специјална кружна сцена со четири посебни таканаречени змијски легла во кои се сместени четири тапанерски комплети кои во одредени песни се појавуваат во различни делови на сцената. Според фронтменот на групата James Hetfield сцената е застрашувачки голема. Но не само таа.Целата продукција патува во 87 камиони 45 за групата и нивното опкружување, и плус две групи со по 21 камион за челичната сцена и звучните кули.Со групата патува екипаж од 130 луѓе плус 40 работници за монтажа на сцената, локални работници и возачи на камионите. Дел од приходите од турнејата одат кај фондацијата на Metallica – All Within My Hands која има хуманитарна цел.

Related posts

Култниот Британски бенд The Cure по 16 години објави нова песна

Вака звучат Linkin Park со својата нова пејачка Emily Armstrong

Oasis пoвоторно заедно!