Madonna сеуште моќна

На 4 мај, Madonna ја заврши својата „Celebration Tour“ турнеја со најголемиот настап во кариерата. Таа одржа бесплатен концерт на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, Бразил, каде се собраа околу 1,5 милиони посетители.

Настапот со 26 песни на Мадона вклучуваше гостувања на бразилските поп ѕвезди Anitta & Pabllo Vittar а самата турнеја ја слави нејзината повеќедецениска кариера.

Пред тоа на истото место на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро големи концерти имаа The Rolling Stones  кои настапија  пред 1,5 милиони публика во 2006 година и Rod Stewart кој го собори светскиот рекорд за најпосетен концерт на сите времиња со публика од 4,2 милиони луѓе во 1994 година.

Покрај тоа што беше најголемата вечер во историјата на настапите во живо на Мадона, овој концерт ја затвори и нејзината турнеја, која беше одложена откако Мадона беше хоспитализирана и ставена во индуцирана кома во јуни 2023 година, но турнејата започна минатата есен и ја однесе во градовите околу светот.

Related posts

Култниот Британски бенд The Cure по 16 години објави нова песна

Вака звучат Linkin Park со својата нова пејачка Emily Armstrong

Oasis пoвоторно заедно!