Во светот на естрадата луѓето како одвај да чекаат некој нешто да згреши за да му се нафрлат. Во 1996 била најавена турнеја на екипата Beach Boys family & friends со настап на Флорида строубери фестивалот во градот Тампа. Но многумина од оние кои купиле влезници побарале да ги вратат со образложение дека се измамени. Очекувајки да ги видат вистинските и легендарни Beach Boys од шеесетите а не некоја имитација за што ги измамило името Beach Boys печатено на самите влезници. А впрочем Family & friends вклучувале само еден од оргиналните членови на групата – Al Jardine и еден куп членови на семејствата и пријателите на групата како неговите синови Matt и Adam ќерките на Brian Wilson (оргинален член) Kern и Vendi, синот на Mama Cass (од Mamas end Papas) Owen Elliot, синот на Denis Wilson (уште еден оргинален член), Carl Benton Wilson, Deril Dregon од групата Captain end Tenill и три многу одамнешни членови на Beach Boys – Ed Carter, Richie Konato и Bily Hinch.
Впрочем измама и немало. Сите на некој начин биле поврзани со Beach Boys.