Американските претседателски избори секогаш се тесно поврзани со музиката. Но и контроверзии околу користењето на истата.
Во 2016 откако Donald Trump во својата кампања за претседател на САД почнал да ја користи песната Start me up, Rolling Stones побарале од него да престане да ја користи нивната музика придружувајки им се на други музичари во осудувањето на користењето на нивните песни.
Trump ги користел песните Brown Sugar и You can’t always get what you want на Rolling Stones за време на неговата шокантно успешна кампања.Во соопштението на групата стои дека тие никогаш не му дозволиле на Trump да ги користи нивните песни и барале тој под итно да престане да ги користи.
Но Trump го игнорирал барањето и ја користел песната You can’t always get what you want во завршницата на републиканската конвенција што предизвикало возврат од групата на Твитер, објаснувајќи уште еднаш дека песната била користена без дозвола. Ни прв ни последен пат, кандидати во претседателските избори во САД да користат разноразни песни кои го поттикнуваат интересот, но најчесто без авторска дозвола.
Кампањата на Трамп во 2016 предизвикува необично голем број поплаки. Меѓу тие што барале судска закана на своите песни, се Adele, забранувајки употреба на својата Rolling In The Deep, Elton John за Rocket Man. R.E.M. за It’s the end of the world as we know it (and I feel fine).
Brian May of Queen за We are the champions. И повторно жалбата е игнорирана и Trump ја користи песната при првото појавување на конвенцијата
Neil Young за својата Rockin’ In the free world, но после неговата поплака Trump го нарекол на Twitter “тотален хипокрит” велејки дека Young еднаш го поканил на негов концерт прашувајки го да финансира некој негов музички проект.