На 3ти мај 1972
На трети мај 1972 гитаристот на групата Stone The Crows – Les Harvey, загинал од струен удар за време настапот на Свонси универзитетот во Велс, поради неисправна инсталација. Покрај настојувањата на Alan Price од групата Animals, тој да стане нивен член, тој решава да остане да членува во групата која ја предводел неговиот брат, пеачот Alex Harvey – Alex Harvey Soul Band. Членува во групата Cartonee, по чиј разлез ја создава Stone The Crows, во која беа пеачката Maggie Bell и тапанерот James Dewar, подоцна член на групата на Robin Trower. Les Harvey имал 27 години.