Rolling Stones и натаму се тркалаат…

Еден од најдолговечните рок бендови, The Rolling Stones ја започнаa светската турнеја „Hackney Diamonds“ во Хјустон, во која го промовираат својот 26-ти студиски албум по ред.

Турнејата е спонзорирана од AARP, односно Американското здружение на пензионери. Но, и покрај позадината на спонзорите, Rolling Stones сè уште покажуваат младешка сила и по 60 години активност. На двочасовниот концерт со кој беше отворена турнејата, тие изведоа сет од 18 песни пред повеќе од 72 илјади луѓе.

Новиот албум „Hackney Diamonds“ излезе по 18 години без нов студиски материјал. Студиската пауза помеѓу 2005 и 2023 година беше прекината со албумот „Blue & Lonesome“, кој беше составен исклучиво од нивните кавери, а излезе во 2018 година. Иако моментално се на официјална турнеја на која го промовираат албумот, минатата година одржаа и „ненадеен концерт“ во Њујорк, а дополнително изненадување беше кога на сцената им се придружи Lady Gaga.

Rolling Stones ја продолжуваат својата турнеја и ќе настапат во бројни американски градови и во Канада во текот на мај и јуни, а европските датуми се очекуваат во 2025 година.

Related posts

Култниот Британски бенд The Cure по 16 години објави нова песна

Вака звучат Linkin Park со својата нова пејачка Emily Armstrong

Oasis пoвоторно заедно!