Jeff Pitchell со нов албум – Brown Eyed Blues

Jeff Pitchell го свртел вниманието врз себе кога со петнаесет години станал победник на натпреварот Најдобар гитарист во Кенектикет во организација на Ovation Guitars.

Бидејки бил под силно влијание на песната The Thrill Is Gone на B.B. King секоја година, многу вежбајки стаснувал се подобар на својот инструмент, настапувајки пред било која публика која сакала да го слуша. Се усовршувал под влијание на гитаристите како Buddy Guy, Robert Cray, Stevie Ray Vaughan. Со 28 години во локалниот Метро магазин прогласен е за најдобар блуз гитарист. Во 1996 оформува сопствена група именувана според песната Texas Flood на Stevie Ray Vaughan, и се појавуваат за прв пат 1997 на Bluestock во Мемфис, кога истата година го објавуваат деби албумот Fat Cigars. Две години подоцна следи албумот One Day Away а потоа и Face to Face. Jeff Pitchell и неговата група настапувале пред B.B. King, Fabulous Thunderbirds, Joe Cocker, Johnny Winter… Во 2024 Pitchell го објавува својот нов албум Brown Eyed Blues.

Related posts

Култниот Британски бенд The Cure по 16 години објави нова песна

Вака звучат Linkin Park со својата нова пејачка Emily Armstrong

Oasis пoвоторно заедно!