Кога старците маршираат – Deep Purple со нов албум

Три години по претходниот албум Turning to crime, Deep Purple со нов албум =1 во стандардната постава, пеачот Ian Gillan, басистот Roger Glover, тапанерот Ian Paice, клавијатуристот Don Airey и извонредниот нов гитарист Simon McBride, кој настапувал повремено со групата но и има богато си ви за соработка со редица познати имиња. Дојде како замена за долгогодишниот гитарист на Deep Purple, Steve Morse, кој заради болеста на сопругата привремено ја напушти групата. Инаку McBride е четвртиот официјален гитарист во 57 годишната историја на Deep Purple. (Ritchie Blackmore, Tommy Bolin, Steve Morse, Simon McBride). Не сметајки го Joe Satriani kaко привремен член во кус едногодишен период (кој заради правни обврски одби перманентно членство). Новиот албум на групата е најавен за на лето 2024 кога ќе биде и турнејата под име =1 More Time со Jefferson Starship како специјални гости за европскиот дел, додека за англискиот предгрупа ќе бидат Reef. Инаку продуцент на албумот, по пети пат во нивниот дискографски опус во таа улога ќе биде Bob Ezrin.  Првиот сингл од албумот има наслов Portable Door.

Related posts

Култниот Британски бенд The Cure по 16 години објави нова песна

Вака звучат Linkin Park со својата нова пејачка Emily Armstrong

Oasis пoвоторно заедно!